При пад на хеликоптер во Венецуела загинаа две лица, а деве се повредени, соопшти полицијата.

Во хеликоптерската несреќа што се случи во градот Маракајба загина пилотот и еден генерал, додека повредени се еден армиски генерал и еден капетан.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изрази сочувство до семејствата на загинатите и нареди да им се пружи помош на повредените војници.

Се уште не е позната причина за падот на хеликоптерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 03:58