Кривична пријава за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ добило вчера лицето Б.Д. од страна на јавниот обвинител од Гостивар.
Претресот во домот на лицето Б. Д. бил извршен во четврток на 25 aприл од 16 до 19 часот од страна на инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи, Кичево, при што пронајдени и одземени се марихуана,16 саксии со растение канабис и девет пластични шишиња со непозната течност.