Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф планира да ја посети Северна Кореја, јави денеска иранската државна телевизија.

– Датумот на оваа важна посета наскоро ќе биде утврден и објавен, истакна Зариф, не наведувајќи детали.

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Јонг-хо го посети Техеран во август минатата година откако САД повторно воведоа санкции кон Иран.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2019 11:47