Началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Кенет Мекензи вчера изјави дека САД ги поседуваат сите потребни ресурси за запирање на Иран доколку земјата одлучи да „преземе какви било акции кои би можеле да бидат опасни“.

Како што јави телевизијата „Скај њуз Арабија“, Мекензи истакна дека „армијата на САД е во комуникација со сојузниците и пријателите во регионот за да обезбеди единство во соочувањето со иранската закана“.

Во меѓувреме иранската полуофицијална агенција Тасним објави дека дрон на Револуционерната гарда успешно изведе извидувачки лет над американскиот носач на авиони Двајт Д. Ајзенхауер и над уште еден американски воен брод во Персиски Залив.

Тасним објави и фотографија на која се гледа носач на авиони, но не наведе кога е сликано тоа.

Американската администрација претходно ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација со цел да изврши притисок врз Иран и дополнително да ја изолира земјата.

Иран возврати така што ги прогласи американските сили за терористички.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2019 11:52