Администрацијата на американската држава Њујорк продолжи да затвора училишта и да изрекува казни, за да се запре ширењето на морбили.

Федерални службеници соопштија дека од 1 јануари во САД има 704 заболени, најмногу во градот Њујорк и округот Рокланд. Повеќето болни се од заедницата на ортодоксните евреи.

Одделот за здравство на градот Њујорк испратил покани до 57 лица кои не ја исполниле наредбата за вакцинирање против морбили. Секој од повиканите може да биде казнет со илјада долари.

Службениците го повикаа државниот Парламент да го укине законот со кој се дозволува ослободување од обврската за имунизација поради религиозни убедувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2019 12:22