Очевидци на инцидентот во близина на М инистерството за сообраќај во Каракас тврдат дека оган отвориле припадници на паравоена формација која го поддржува Николас Мадуро.

Претходно, венецуелските медиуми објавија дека полицијата се судрила со неидентификувана група луѓе кои пукале од зградата на Министерството врз демонстрантите.

Очевидци тврдат дека врз демонстрантите пукале припадници на Колективос.

Колективос е екстремистичка левичарска организација со паравоени карактеристики и ја поддржува Обединетата социјалистичка партија на Венецуела на Мадуро. Организацијата, која е формирана во 60-тите години на минатиот век, е обвинета за киднапирање, шверц со оружје и убиства во сиромашните подрачја. Колективос најголема моќ има за време на владеењето на Уго Чавез.

Активностите на организацијата годинава во Парламентот беа прогласени за „државно спонзориран тероризам“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2019 03:57