Додека САД ја повикуваат Русија да не се меша во актуелните настани во Венецуела, Москва го предупредува Вашингтон оти мешањето во внатрешните прашања може да предизвика колапс.

– Можам да кажам и предочивме на Русија… дека со најголема сериозност се однесуваме кон акциите што ги презеде во Венецуела. Очекуваме Русите да не се мешаат во тоа што се случува во Венецуела, а посебно сега, кога станува збор за животите на цивилите, истакна американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон

Тој не одговори на прашањето дали претседателот Доналд Трамп ќе контактира со неговиот руски колега Владимир Путин за ситуацијата во Венецуела.

Додека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова наведе дека голем број политички актери во Вашингтон не гледаат кон што ја туркаат Венецуела.

– Ако Вашингтон продолжи со обидите на мешање во внатрешните работи (на Венецуела), тоа може да предизвика колапс на ситуацијата, потенцира Захарова.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2019 03:59