Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Куба дека повторно ќе воведе санкции ако кубанските војници веднаш не ги стопираат воните операции во Венецуела.

– Ако кубанската војска и милиција веднаш не ги запрат воените и другите операции со цел предизвикување на смрт и уривање на Уставот на Венецуела, кон Куба ќе биде воведено целосно ембарго, заедно со највисоките санкции, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде деке се надева оти кубанските војници веднаш и мирно ќе се врата на Куба.

Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон претходно ја обцвини Куба дека ја контролира актуелната власт во Венецуела.

Во меѓувреме, Владата на Венецуела објави дека спречила „мал обид за државен удар организиран од страна на воените предавници кои соработуваат со десничарските противници“.

Опозицискиот лидер Хуан Гуидо на Твитер напиша дека во негови раце е моќта за ставање на крај на узурпацијата.

– Во незапирлив процес сме. Имаме цвраста поддршка од нашиот народ и светот за да постигнеме обнова на демократијата, напиша Гуаидо.

Претходно, Болтон истакна дека САД ситуацијата во Венецуела не ја оценуваат како воен удар бидејќи за Вашингтон Гуаидо е легитимен лидер.

– Јасно е ова дека не е удар. Ние го признаваме Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател на Венецуела и како што не е пуч кога претседателот на САД ќе издаде наредба до Министерството за одбрана, така не е пуч кога Гуаидо ќе се обиде да ја преземе командата врз венецуелската армија, посочи Болтон.

Тој додаде дека сите опции се на маса.

– Да кажам две работи многу јасно: Прво, како главна цел сакаме мирна транзиција на власта и Мадуро и тие што го поддржуваат да знаат дека сите опции се на маса, истакна Болтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2019 03:59