Венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино Лопез предупреди дека армијата ќе преземе акции доколку е потребно откако беа објавени снимки од поддржувачите на опозицијата како се упатуваат кон претседателската палата во Каракас.

-Секој кој насилно ќе дојде до претседателската палата Мирафлорес ќе биде насилно поразен, рече Падрино во телевизиското обраќање.

Тој, исто така, рече дека смета дека лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, ќе биде одговорен за секоја евентуална жртва на улиците, обвинувајќи ги противниците на власта дека „сакаат крвопролевање”



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2019 06:43