Со брза интервеција на ТППЕ-Кичево целосно е изгаснат пожарот што синоќа го зафати кичевското село Жубрино.

Пожарот, вчера околу 20 часот, бил забележан над резервоарот за вода во село Жубрино.

-Опожарена е околу 100 метри квадратни површина со сува трева, трска и ниско стеблеста шума.

Пожарот е локализиран, а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Кичево, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2019 13:31