Глумецот Питер Мејхју, најпознат по ликот на Чубака во серијалот „Војна на ѕвездите”, почина на 74-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Мејхју починал во вторникот во својот дом во Тексас, САД. Причината за смртта не е соопштена.

Чубака или „Чуи“, е силен, застрашувачки влакнест воин со нежно срце, копилот на вселенскиот брод „Милениумски сокол” и верен соборец на Хан Соло, оригинално одглумен од Харисон Форд.

– Питер Мејхју беше љубезен и благ човек, со огромно достоинство и племенит карактер, изјави Форд за својот колега и пријател, кого го познавал 30 години.

Мејхју е роден во Велика Британија, каде што имал само една филмска улога, а кариерата ја продолжил во САД. Во 2005. стана американски државјанин. Беше оженет и татко на три деца.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2019 16:26