На 7ми Мај во Скопје, на покана од Католичката црква, Папаз е поканет да биде специјален музички гостин и ќе настапи пред Папата Францис.
Настанот ќе биде во дворот од Католичката црква, "Пресвето Срце Исусово" после 14:30 часот, каде папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите.
Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група "Агапе" и тие ќе се претстават со три композиции.
- "Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд" -Папаз
На професионално поле Папаз интензивно работи на заедничкиот проект со Танче Гроздановски насловен "Елегија", и истиот ќе биде промовиран ова лето. Неодамна во етер го пуштија синглот „Спомени“ кој е најава за тоа што следи.