Припадник на единица за специјални задачи „Тигар“ е повреден од истрел на огнено оруже попладнево во касарната „Илинден“.

Инцидентот се случил по вежбовни активности кога неколкумина полициски специјалци го чистеле своето отужје.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија инцидентот во којшто припадник на единица за специјални задачи „Тигар“ е повреден од истрел на огнено оруже попладнево во касарната „Илинден“.

Околу 15 часот пријавено е дека во касарната „Илинден“ полицискиот службеник З.М. при подготовка на оружјето за чистење го погодил полицискиот службеник Ц.А. кој бил во истата просторија. Ц.А. е префрлен во Клинички центар, посочија од МВР за „Нетпрес“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2019 22:42