На Светскиот ден на слободата на медиумите САД ја реафирмираат својата посветеност за заштита на безбедноста и слободата на новинарите и медиумските работници, соопшти денеска од американскиот Стејт департмент.
– Слободни и независни медиуми се неизоставен дел од една динамична и функционална демократија. И покрај напредокот, новинарите ширум светот продолжуваат да бидат прогонети, напаѓани, па дури и убивани, и тоа многу често неказниво, се наведува во соопштението.
Се додава дека на сите нивоа на општеството Стејт департменотот работи напорно за подобрување на слободата на медиумите и им оддава почит на оние кои го посветиле својот живот па и загинале за заштита на демократијата преку журналистиката.
Секоја година на 3 мај се слават фундаменталните принципи на слободата на печатот, и им се одава почит на новинарите кои ги загубија своите животи во остварувањето на нивните професија.
Светскиот ден на слободата на медиумите беше прогласен од Генералното собрание на Обединети нации во 1993 година, по препораката усвоена на 26. седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1991 година.