Американската поп пејачка Мадона се пожали дека телефоните ја нарушиле врската со нејзините деца, објави „Контакт мјузик“.
Шеесетгодишната пејачка име шест деца – Лурдес 922), Роко (18), Дејвид и Марси (13) и Естер и Стела (6). Таа призна дека жали што им купила телефони на поголемите деца кога имале 13 години.
– Направив грешка кога им дадов телефон на моите постари деца кога имаа 13 години. Тоа навистина и стави крај на мојата врска со нив. Ние комуницираме, но не како порано. Сега телефоните се составен дел од нивниот живот, изјави Мадона за британското издание на модното списание „Вог“.
Мадона е на насловната страница на „Вог“, првпат од 1989 година.