"Авалон" продукција утрово на својот Фејсбук профил објави дека поради несогласувањата кои настанале помеѓу членовите на бендот "Дупер", продукцијата одлучила да стави крај на соработката со групата која за кратко време стана вистински хит на македонската музичка сцена.

- "Почитувани, поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер и даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член... од според мене најпатетична можна причина, Авалон го раскина договорот со младите момци" - стои во соопштението на Авалон Продукција.

Авалон го раскина договорот со "Дупер" откако машките членови и дале отказ на Мартина


Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2019 12:14