Американската поп-пејачка Кели Кларксон, на доделувањето на наградите „Билборд мјузик авордс“ имаше улога на водителка, а имаше и свој настап, но веднаш потоа заврши в болница поради операција на слепото црево.

– Нема да лажам… Се срушив од болка во солзи по настапот. Отидов веднаш дома, но завршив в болница на операција. Сега се чувствувам одлично, напиша пејачката на својот Твитер профил, заблагодарувајќи му се на тимот од доделувањето на наградите.

И покрај тоа што пејачката имала проблеми и пред настапот, остана професионалец и го одработе докрај, со што уште еднаш ги освои обожавателите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2019 17:36