Даночните служби во САД уште сега пројавуваат интерес кон новородениот син на британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотката од Сасекс Меган, особено кон привилегиите и луксузот, на којшто ќе се радува бебето.

Осмиот правнук на кралицата Елизабета Втора најверојатно ќе ја добие титулата гроф од Думбартон и ќе има двојно држвјанство – британско поради татко си и американско поради мајката. Тоа е прв случај во историјатта на британското кралско сеејство.

– Кога еден од родителите е Американец, кој живеел во САД пет години, од кои барем две по навршување на 14 години, бебето автоматски добива американско државјанство. Таков е случајот со Меган, појасни Дејвид Трејтал, основач на „Американ такс ритрнс“, консултантска компанија за Американци што живеат во Велика Британија.

Меѓутоа, американското државјанство освен привилегии носи и одговорности. Имено, меѓу другото, синот на Меган Маркл и принцот Хари ќе треба да поднесува извештај за својата финансиска состојба пред американските власти.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2019 19:08