Франција, најверојатно, ќе врати и други сирачиња на француски џихадисти од североисточна Сирија, област под контрола на арапско-курдска коалиција, објави денеска француската министерка на армијата Флоранс Парли, јавува дописникот на МИА.
„Многу е веројатно”, рече таа во интервјуто за БФМТВ и радиото РМЦ, како одговор на прашањето за можноста за понатамошна репатријација откако пет „сирачиња или сами деца” беа вратени во Франција на 15-ти март.
Инаку, баби и дедовци на две деца кои се наоѓаат задржани со нивната мајка џихадист во логорот во сирсикиот Курдистан, се обратија до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за да добијат осуда на Франција, која одбива да ги врати.
-Со тоа што (Франција) одбива да ја врати оваа мајка и две болни деца, повредени и во состојба на екстремна слабост (…) Франција ги изложува свесно и намерно на нечовечко и понижувачко постапување спротивно на членот 3 од Европската конвенција за човекови права, велат адвокатите Мари Досе, Анри Леклерк, Катрин Бауер-Виолас и Денис Гаро.
Тимот на одбраната, првпат се повикува на друга одредба: одлуката на Франција претставува „повреда на став 2 од член 3 од Протокол 4 на [конвенцијата] дека” никој не смее да биде лишен од правото да влези на територијата на државата чие државјанство има”, пишуваат адвокатите, кои се повикуваат на работата на двајца академици, Орелиан Годфроа и и Себастијан Тузе. Според нив, оваа одредба го задржува „постоењето на апсолутно право на оваа мајка и на овие две деца да се вратат во својата земја”.
Овие деца, на возраст од три и четири години биле повредени со нивната мајка во битката во Бахуз, последното засолниште на терористичката група Исламска држава во Сирија, освоено на 23 март од страна на арапско-курдска коалиција. Сите тројца, од пред три месеци, се во логорот в на Ал Хол (североисток), каде што има повеќе од 73.000 лица, според ОН, од кои 12 000 странски џихадистички семејства кои внимателно се следат.
-Епидемиите на колера, туберкулоза и дизентерија се шират во овој камп, за кои неколку меѓународни невладини организации алармират, се потсетува во изјавата на адвокатите. Овие две деца „не примаат никаква грижа, се изложени на болести, се прегладнети и страдаат од дизентерија. Нивната мајка (…), многу слаба, страда од тешка тифусна треска која не се третира. Таа е предмет на налог за апсење издаден од француски антитеррористички судија, „ја потврди својата желба да ги врати своите деца во Франција(…) и сака да ја преземе нејзината кривична одговорност на француска територија”.
Неколку жалби на адвокатите на други французи задржани во Сирија од пред една година се поднесени пред француските управни судови, за да ја присилат државата да ги врати своите државјани, но тоа без успех. Владата одбива да ги врати џихадистите, мажите и жените, поврзани со Исламската држава. Досега таа прифатил да ги врати децата само „случај по случај”. Пет сирачиња се вратија на 15 март и 3-годишно девојче на 27 март, чија мајка беше осудена на доживотен затвор во Ирак.
Документите, откриени од страна на Либерасион и консултирани од страна на француските медиуми, сведочат дека властите имаат детален план за глобална репатријација на џихадистите и нивните семејства. Сепак, тоа не е спроведено, додека земјите како Русија и Косово имаат извршено репатрирација на деца и жени.