Денес, министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ оствари средба со директорот на саемот Хелекспо д-р Кирјакос Позрикидис, претседателот на одбор на директори на CMFO SA ( Единствен пазар и риболовна организација м-р Михаил Митилинакис, директорката на CMFO SA Стефаниа Георгакаку, Претседателот на македонска новинарска агенција во Атина Михаил Псилос и директорката на Скопски саем г-ѓа Даниела Глигоровска.

Претставниците од Хелекспо го информираа министерот Шапуриќ дека неодамна е формирана Балканска асоцијација на саеми, во која членуваат саемски организации од Љубљана, Загреб, Белград, Пловдив, Будва, Солун и Скопје, а со која моментално претседава саемот од Солун-Хелекспо, а заменик претседавач е Скопскиот саем.

Со цел зголемување на трговската соработка помеѓу компании од земјите членки, Асоцијацијата има план, во текот на оваа година да организира Регионална конференција.

Министерот Шапуриќ информираше дека Владата на Република Северна Македонија е силно посветена кон евроатланските интеграции кои ќе претставуваат отстранување на сите пречки во трговската размена помеѓу земјите членки на Асоцијацијата. Исто така, го нагласи и подобрувањето на односите помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, особено во економскиот дел. На крај, беше изразено задоволство од досегашната соработка, како и надеж за нејзино интензивирање во иднина, кое ќе придонесе подобра економска состојба во регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2019 12:59