Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, учествуваше на Советот на министри за надворешни работи на земјите-учеснички на Јадранско - Јонската Иницијатива и на Четвртиот Форум на ЕУ Стратегијата за Јадранско - Јонскиот Регион-ЕУСАИР во Будва, на 8 мај 2019 година.

Зачленување во Јадранско - Јонската иницијатива и понатамошното приклучување во ЕУ Стратегијата за Јадранско - Јонскиот Регион, е директна и конкретна придобивка од решавањето на спорот со Грција.

„Членството во Јадранско - Јонската иницијатива е резултат на првите чекори направени на добра волја и градење на доверба кои претходеа на Договорот од Преспа, односно преименување на имињата на скопскиот аеродромот и автопатот кон Грција. Тие одлуки, како и целокупното решавање на спорот со Грција, ги отвори можностите за пристап до фондови на ЕУ и го забрза процесот на интеграција во ЕУ, од што корист имаат сите граѓани на Република Македонија.“ - стои во владиното прес соопштение.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2019 18:03