Маурицио Почетино, Џанпјеро Гасперини и Леонардо Жардим се тројцата тренери, чии имиња сериозно се поврзуваатсо тренерската позиција во Јувентус, објави „Ла Република“.

Изданието додава дека раководството на италијанскиот шампион гледа во Почетино идеална замена за Масимилијано Алегри, за кого во последниве денови се шпекулира дека ќе си замине. Нешто повеќе – Почетино е алтернативата на Пеп Гвардиола, за кој италијанските медиуми претходно тврдеа дека го напушта Манчестер Сити за да ја преземе „Старата дама“.

Аргентинецот го одведе Тотенхем до финалето во Лигата на шампионите по феноменалниот успех над Ајакс во Холандија.

Од друга страна, Џанпјеро Гасперини е исто така меѓу опциите за нов тренер на Јувентус. Тренерот ја претвори Аталанта во една од најцврстите екипи во Серија „А“, откако во моментов тимот од Бергамо е во Топ 4 и ќе игра финале за Купот на Италија.

Леандро Жардим пак, бил понуден на Јувентус од страна на познатиот фудбалски агент, Жорже Мендеш.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2019 19:25