Екипата на Манчестер сити е старо-нов шампион на Англија. Тимот предводен од Јосеп Гвардиола попладнево во последното, 38 коло го победи Брајтон на гостински терен со 4:1 и сезоната ја заврши со 98 поени.
На второто место со само еден бод помалку од „граѓаните“ заврши Ливерпул кој денеск абеше поуспешен од Вулверхемптон со 2:0.
За Манчестер сити ова е втор шампионски трофеј во низа во Премиер лигата и шести во историјата.
Оваа сезона, Сити исто така го освои и англискиот Лига Куп, а на 18 мај, ќе игра во финалето на ФА купот против Вотфорд.