Тимот на Манчестер јунајтед ја заврши сезоната во фудбалскиот шампионатот на Англија на шестото место на табелата. „Црвените ѓаволи“примија 54 гола на 38 натпревари. Ова е најлош резултат на тимот во последните 40 години.

На сите 38 натпревари на голот на Јунајтед беше Шпанецот Давид де Геа.

Последен пат толку многу голови МЈ примил во сезоната 1978/79. Тогаш Лигата броеше 22 екипи тимови, па Манчестер одигра четири натпревари повеќе од сегашниот тим, што е уште еден доказ за катастрофалната сезона на избраниците на тренерот Оле Гунар Солскјер.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2019 11:32