Познатата американска актерка и пејачка од периодот на 50-те и 60-те години на минатиот век, Дорис Деј почина на 97-годишна возраст во нејзиниот дом во Кармел Воли во Калифорнија, како последица на компликации предизвикани од воспаление на белите дробови.

Како што соопшти Фондацијата за заштита на животните „Дорис Деј“, актерката и пејачка и покрај тоа што била во одлична психофизичка состојба имајќи ги предвид нејзините години, неодамна заболела од „многу сериозно воспаление на белите дробови“ што го искомплицирало нејзиното здравје.

Деј беше една од најпопуларните американски актерки и пејачки во 50-те и 60-те години на минатиот век. Меѓу нејзините најпознати филмови се „Човекот кој знаеше премногу“, „Каламти Џејн“ и „Шепотење на перница“, а остана запаметена и по изведбата на нумерата „Que Sera, Sera“ (Што ќе биде, ќе биде).

Дорис Деј е родена на 2 април 1922 година во Синсинати, како Дорис Мери Ен Капелхоф. Зад себе имаше четири брака и еден син – музичарот и продуцент Тери Мелкер.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2019 20:02