Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Ј.К. (19) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Во периодот од 20 до 27.03.2019 година, 16-годишна малолетничка на својот инстаграм профил во два наврати примила видео снимка, фотографија и текст со непристојна содржина испратени од профил на пријавениот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2019 01:50