На автопатот Скопје – Велес, кај наплатна станица „Сопот“, синоќа околу 19.00 часот при контрола на возилото „Фиат-Пунто“ со велешки регистарски броеви управувано од 33-годишниот С.Б. од Велес полицијата пронајде кесе со околу 1,1 кг. марихуана.
Како што информираат од СВР Велес, по документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за стореното кривично дело.