Петнаесетгодишен мотоциклист е тешко повреден, а неговиот сопатник и врсник се здобил со полесни повреди вчерапопладне во сообраќајка на крстосницата од улиците „Илија Николовски Луј“ и „Глигор Прличев“ во Битола.

Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен наведува дека сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило Рено меган со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(60) од Битола и мотоцикл Роад Бајк БД 125-5 без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник на мотоциклот. Двајцата биле пренесени во Клиничката болница во Битола каде има била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2019 12:36