Тамара Тодевска со песната „Proud“ заврши 8-ма на изборот за песна на Евровизија.

Фанстастичниот настап и одличната песна и донесоа само два поени помалку од Шведска во изборот на жирото, а во текот на гласањето Тамара речиси цело време водеше односно беше првопласирана. Со оглед на тоа што голем дел од јавноста не ги знаеше правилата за гласањето на евровизискиот натпревар, на социјалните мрежи се подгреа атмосферата дека Тамара може да биде победник. Но за жал нашата претставничка доби само 58 поени од публиката за разлика од нејзините конкуренти кои завршија пред нејзе и кои речиси сите добија над 200 поени од публиката.

На годинешниот избор за песна на Евровизија победи претставникот на Холандија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2019 01:04