По реакциите на јавноста и на медиумите, директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски - Чомбе го избриша навредливиот статус за македонската дијаспора.
„Што да очекуваш од луѓе што продале се и избегале од родна земја? Каква срамота…ццц. Фиром не им сметало ,за северна не гласале за Тамара. А бе одземи им и пасоши и право на глас. Гнаси. Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди. Никад да не се вратите“, напиша Галетановски на својот Фејсбук како реакција на според неговото негласање на дијаспората за време на оддржување на евровизискиот фестивал во Израел.
Оваа не е прв случај, Галетановски да упатува навреди преку социјалните мрежи. Во текот на кампањата за избор на претседател, Галетановски преку еден коментар ја навреди професорката Силјановска Давкова велејќи дека „Треба да оди во Бардовци“.