Францускиот актер Ален Делон (83) сношти ја прими наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал во Кан.

Почесната Златна палма (Палм д`Ор), Делон ја заслужи со кариерата долга шест децении. Наградата му ја врачи ќерката Анушка Делон.

– Едно нешто за коешто сум сигурен и на кое сум горд – е мојата кариера. И оваа награда која ми е доделена за животно дело, ме прави среќен, задоволен и исполнет, рече Делон.

Делон првиот филм го сними 1963 година, а тоа беше остварувањето на Лукин Висконти – „Леопард”.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2019 16:20