По двегодишна врска, глумицата и филмска пејачка Скарлет Јохансон се сврши за своето момче, сценаристот Колин Џост, соопшти нејзниот публицист Марсел Парисо.

Датумот на свадбата сé уште не е утврден. За 36-годишниот сценарист, ова ќе биде прв брак, а за Скарлет – трети. Претходно таа беше мажена за Рајан Рејнолдс и Роман Доријак.

Од вториот брак со Доријак, таа ја има и четиригодишната ќерка Роуз.

Актерката е актуелна со филмовите „Одмаздници: Завршница“ и „Капетанката Марвел“, а следен филм кадешто ќе може да ја видиме е воената комедија „Зајакот Џоџо“.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2019 17:26