Tри рачно напишани записи се пронајдени во домот на соул-дивата Арета Френклин, неколку месеци по нејзината смрт лани во август.
– Кога почина, нејзиното семејствто соопшти дека Арета не оставила никаков тестамент. Меѓутоа, овој месец беа најдени дури три – два се од 2010 година и биле заклучени во орманче, а еден од 2014, скриен под перница во дневната соба, изјави адвокатот Дејвид Бенет.
Тој нагласи дека делови од напишаното е тешко да се дешифрира, а некои зборови се пречкртани, па допишани по маргините.
Бенет, кој над 40 години бил адвокат на Арета Френклин, заввчера ги предаде записите на судот и притоа изјави дека не е сигурен дали се во согласност со законите на американската сојузна држава Мичиген.
Судското рочиште е закажано за 12 јуни, а двајца од нејзините четири сина веќе ги оспоруваат тестаментите.