Пронајдена е неексплодирана граната калибар 75 мм, непозната марка, при обработка на нива во атарот на Берово.

Р.А. (50) од Берово вчера попладне во полицијата пријавила дека на место викано „Ширината“, атар на Берово, при обработка на нива, пронашла неексплодирана граната калибар 75мм, непозната марка.

Граната била подигната за натамошна постапка од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Дневен билтен.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2019 15:38