Претседателот на САД, Доналд Трамп им нареди на разузнавачките служби да соработуваат со јавниот обвинител Вилијам Бар во испитување на настаните кои доведоа до истрага за наводната вмешаност на неговата претседателска кампања со Русија.

– На барање и препорака на американскиот јавен обвинител, Трамп од разузнавачката заедница побара брза и целосна соработка со истражните дејствија за време на претседателските избори во 2016 година, нагласи портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс.

Директивата доаѓа во време кога Белата куќа се соочува со демократите во Конгресот за работата на специјалниот обвинител Роберт Малер, кој водеше двегодишна истрага за тоа дали Русија била вмешана во изборите во САД во 2016 година, и дали има какви било врски помеѓу кампањата на Трамп и Русија.

Во извештајот објавен во април, се нагласуваше дека истрагата не пронашла докази дека имало криминален заговор со Русија, но беше истакнато постоење инциденти за кои демократите тврдат дека претставуваат опструкција на истрагата.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2019 12:07