Кумановец извршил кражба во маркет, а потоа ѝ се заканувал на директорката на Центарот за социјални работи, информира денеска СВР Куманово.
Настанот се случил вчера, а во полицијата пријавил вработен во маркет на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, кој кажал дека непознато лице влегло во маркетот и извршило разбојничка кражба.
По преземени мерки Ф. Н. бил приведен во СВР Куманово и му бил одземен нож.
Во меѓувреме, било пријавено дека, по разбојничката кражба во маркетот, Ф. Н. заминал во просториите на директорката на Центарот за социјални работи Куманово, каде што ѝ упатил закани по животот. По целосно документирање на случаите, кумановската полиција ќе поднесе соодветен поднесок против Ф. Н.