Директорот на водостопанство „Кумановско-липковско поле", Оливер Илиевски, денеска поднесе втора кривична пријава против три лица, вработени во подружницата, Ф.Ф., С.Ѓ. и С.Л за повеќе кривични дела.

Злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, измама во служба, фалсификување на службена исправа, проневера во служба, несовесно работење, фалсификување или уништување на деловни книги, фалсификување на исправа, употреба на исправа со невистинита содржина.

Против овие лица, претходно исто така беше поднесена кривична пријава.

Во соопштението испратено до медиумите се наведува дека оваа група во 2015-та година, направила јавна набавка за резервни делови за систем за наводнување кој не постои, донеле одлука за најповолен понудувач кој се наведува во соопштението не постои и склучиле договор со економски оператот, за кој исто се наведува во информацијата дека не постои. Групата, стои во соопштението, изготвила лажни документи за прием на стоки во магацин и излез од магацин во ист дена за целокупната набавка.

-Оваа криминална група само по оваа ставка во 2015-та година го оштеттила буџетот на Водостопанство Куманово за 2.478.327,00 денари, се вели во соопштението.

Според директорот Илиевски за ваков како што наведува во соопштението бескрупулозен криминал, јавноста треба да знае и дека ваква груба злоупотреба на власт не смее да се повтори. Илиевски најави дека ќе продолжи да го разоткрива, како што наведува, целокупниот криминал и да ги информира граѓаните каде завршувале нивните пари.

-Како раководител на АД Водостопанство во државна сопственост Скопје, подружница „Кумановско-липковско поле" имам морална одговорност и обврска да ги известам граќаните дека постапката за гонење на криминалци не застанува, криминалните дејствија мора да бидат санкционирани и изведени пред судот на правдата, стои во соопштението на Илиесвки, испратено до медиумите.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 16:40