Секторот за внатрешни работи – Велес викендов на подрачјето на Велес, Кавадарци и Неготино изврши контрола на возачи, при што кај 72- ца возачи измерила поголема брзина на управување со возилото од пропишаната.

Како што појасни портпаролот Верољуб Додевски, од тие 72 прекршокс, во Велес се 38, во Кавадарци 15 и во Неготино се регистрирани 19 прекршоци.

На несовесните возачи им се изречени прекршочни казни, информира Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 16:46