Минстерствоито за финансии на САД објави дека ниту Кина ниту други трговски партнери не манипулираат со своите валути. Ова е наведено во 6-месечен извештај на Министерството.
Но, министерството го повика азискиот економски гигант да спречи постојано обезвреднување на кинескиот јуани.
Во извештајот се истакнува дека „минатата година директната интервенција на Народната банка на Кина биле ограничена”. Министерството, појаснува дека „продолжува да повикува Кина да преземе неопходни чекори за да се избегне постојано ослабнување на валутата”.