Трет ден гори беровската депонија. Според сознанија на Јавното претпријатие за комунални услуги „Услуга“, депонијата се пали намерно, за што, како што информира директорот на претпријатието Илија Рунтевски, веќе е поднесена кривична пријава до надлежните.

-Причината за горење на депонијата е палење од непознат сторител пртотив кој е поднесена кривична пријава до надлежното Министерство. Се надеваме сторителот ќе биде пронајден и најстрого казнет за ваквиот чин, вели Рунтевски.

Додава дека ЈКПР „Услуга“ во соработка со Територијалната противпожарна единица од Берово ги презема сите неопходни мерки на терен и активности за гасење на депонијата, а ангажирана е и приватна фирма, стручна за санирање на состојбата и непогодите од ваков вид.

Во рамки на утрешниот ден, како што информираат од претпријатието, се очекува депонијата во целост да биде изгасната.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2019 18:17