Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Б.(50) од гостиварското село Беловиште, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „проневера во службата“ и „фалсификување исправа“.

Во текот на јануари 2019 година пријавениот, како вработен во АД „Македонска пошта“, фалсификувал потписи на 23 налози за исплата на пензии, по што ги присвоил паричните средства наменети за корисниците, со што се стекнал со противправна имотна корист од 223.533 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2019 02:58