Конференцијата за меѓусекторски партнерства насловена „Граѓанските организации посилни со бизнисите и граѓаните“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението Конект во рамки на проектот „Промени за одржливост“.

На конференцијата ќе се разговара за соработката на граѓанските организации со другите сектори со цел постигнување промени, за добрите практики кои земјите од соседството ги имаат за поддршка на граѓанските организации од корпоративни и индивидуални донатори.

Присутните ќе се запознаат и со 16 -те граѓански организации и нивните иницијативи кои во рамки на проектот имплементирани по принципот на меѓусекторска соработка, пилотираа модели за одржливост и вклученост на што повеќе чинители од различни сектори на локлано ниво.

Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат Ирена Иванова, раководителка на програма за граѓанско општество, Делегација на Европската Унија, Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект и Виктор Мирчевски, координатор на проектот „Промени за одржливост“.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2019 10:12