Мејловите од адвокатите на одбраната, што ги собраа обвинителите во случајот со Едвард Галагер, американски специјалец обвинет за воени злосторства, не можат да се користат како доказ, бидејќи биле собрани без судски налог, изјави воениот судија одговорен за случајот, Арон Раг.

Раг ја донесе одлуката на крајот од дводневното сослушување, а Галагер ќе оди на суд за десет дена.

Галагер, припадник на американските специјални единици „Фока“, е обвинет за убиство на невооружен и ранет припадник на „Исламска држава“, како и за обид за убиство на двајца невооружени цивили со снајпер, девојка и старец.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ги разгледува можностите за помилување на неколку војници, вклучувајќи го и Галагер.

Трамп смета дека помилувањето е оправдано поради неговата служба.

Од друга страна, поранешниот специјалец тврди дека е погрешно обвинет и дека неговите подредени лажно сведочеле против него за да го сменат од командната позиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2019 14:00