Поранешниот шпански репрезентативец Хозе Антонио Рејес загинал во сообраќајна несреќа околу 12:40 часот на влезот на своето родно гратче Утрера, објавија шпанските медиуми, а веста потврдија од Севиља, чиј долгогодишен играч беше Рејес. Се уште не е позната причината за несреќата, во која и неговиот братучед, Џонатан Рејес, исто така, почина.

Триесет и пет-годишниот Рејес го носеше дресот на Екстремадура, а во богатата кариера настапувал и за Севиља, Кордоба, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Еспањол, Арсенал и Бенфика.

За Шпанија има 21 натпревар и 4 гола, а на клупско ниво забележа 646 натпревари со 95 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2019 15:11