Наполи и Атлетико Мадрид се во напредни преговори за трансфер на Диего Кошта. 30-годишниот шпански напаѓач се очекува да ги засили „небесносините“ во летниот трансфер прозорец.

Атлетико го стави Кошта на трансфер пазарот по последниот неприфатлив испад, кој му донесе казна од осум натпревари.

Ова се случи откако напаѓачот дозволил да го навреди судијата во мечот помеѓу Алетико Мадрид и Барселона, кој заврши со победа од 2:0 за Каталонците.

Сепак, тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, го сака талентираниот напаѓач и е подготвен да се потпира на него за следната сезона во Серија „А“.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2019 15:39