Италијанскиот прволигаш Рома, ќе добие пет милиони евра како бонус од Ливерпул за трансферите на голманот Алисон и напаѓачот Мохамед Салах, ако англискиот клуб победи во Лигата на шампионите, објави „Ил романиста“.

Според дневното издание на весникот, овие услови биле пропишани при трансферите на двата фудбалера од Рим во Ливерпул.

За потсетување, Салах од Рома во Англија отиде летото 2017 година за 42 милиони евра, а голманот Алисон стана играч на Ливерпул во летото 2018 година. Износот на трансферот изнесуваше 62,5 милиони евра.

Вечер од 21 часот во Мадрид во финалето на ЛШ Ливерпул ќе игра со Тотенхем.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2019 11:06