Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска допатува во Хаг, каде ќе се сретне со шефот на холандската дипломатија Стеф Блок.

Теми на разговор помеѓу Блок и Помпео ќе бидат тензиите помеѓу Вашингтон и Техеран, кризата во Венецуела и финансирањето на НАТО.

Холандија е трета станица на Помпео од неговата турнеја по четири европски држави со цел да ги смири сојузници по зголемените тензии помеѓу САД и Иран.

Помпео вчера во Швајцарија изјави дека администрацијата на Трамп е подготвена на безусловни преговори со Иран, со цел да се намалат стравувањата од избивање на судири.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 14:52