Една недела по историскиот пораз на конзервативците на европските избори во Франција, многумина видни личности на Партијата Републиканци, повикаа на промена на насоката, по што следуваше оставката на претседателот Лоран Бокие, јавува дописникот на МИА.
Партијата на претседателот Саркози и Ширак освои само (8,48 отсто), по што Лоран Вокис најави дека ќе ја напушти претседателската функција на партијата.
-Во суштина, едноставно може да се каже: победите се колективни, а неуспесите се поединечни. Тоа е така. Мора да преземам одговорност, изјави тој.
Републиканците и листата на социјалистите се најдоа на нивното најниско изборно ниво во Франција, со која наизменично владееја во изминативе 40 години. Но, прераспределбата на политичките карти по претседателските избори во 2007 со доаѓањето на Емануел Макрон и неговата партија Републиката во движење предизвикаа промени на француската политичка сцена.
Двете досега најголеми политички партии станаа маргинални, додека Републиката во движење успеа да ги апсорбира гласачите од центарот на левицата и десницата, поларизирајќи ја дебатата од една страна тие – прогресисти, а од друга крајната деница -националистите на Националниот собир на Марин Ле Пен. Две партии кои постигнаа најдобри изборни резултати пред една недела.