Желбата на Баерн Минхен да го донесе играчот на Сити, Лерој Сане на Алијанц арена, по се изгледа нема да се оствари, а тоа го потврди и претседателот на баварскиот клуб, Ули Хeнес.

-Најмалку треба да платиме за него 80 милиони евра, а целиот трансфер е сложен бидејќи Сане бара плата од 10 милиони евра по сезона. Затоа сум сега скептичен и морам да кажам дека бараните цифри се лудост, изјави претседателот Хeнес.

Тој претходно вети дека Баерн подготвил големи пари за важни засилувања, а во Минхен беше јавна тајна дека баварците го сакаат Сане во своите редови.

Дури и Мане изразил желба да се врати во Бундеслигата, односно на Алијанц арена, но по се изгледа единствената пречка се парите што треба да ги плати клубот од Минхен.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 19:52