Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, не сакаше да одговори на прашањето за евентуалната негова преселба во редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид.

- Може ли да одиш во Реал Мадрид? – беше прашан Мбапе во микс зоната по пријателскиот натпревар на францускиот национален тим со Боливија (2:0).

Мбапе само остро го погледа новинарот и без да одговори си замина.

На 28 натпревари во Лига 1 сезоната што измина, Мбапе постигна 32 гола за ПСЖ. Неговиот договор со клубот е со важност до летото 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2019 17:32